Апстракти

ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПСТРАКТИ И ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ

Апстрактите треба да бидат напишани во фонтот Times New Roman со максимална големина на букви 12, единечен проред во А4 формат.

Не треба да содржи повеќе од 300 зборови, вклучувајќи го и насловот, имиња и презимиња на авторите, институцијата од која доаѓаат и содржината на апстрактот, и максимум 5 клучни зборови. Апстрактите треба да бидат што е можно поконцизни и да ги вклучуваат следните поднаслови:

ВОВЕД, ЦЕЛИ, МАТЕРИЈАЛ, МЕТОДИ, РЕЗУЛТАТИ и ЗАКЛУЧОК

Усните предавања може да бидат на мајчин јазик, но презентациите МОРА ДА БИДАТ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК.

Избраните ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ ќе се изведуваат исклучиво електронски на LCD екрани и поради тоа презентациите треба да бидат направени како Пауер Поинт (power point) презентации, и тоа 16:9 формат, со максимално до 5 слајда и треба да бидат доставени на организаторот 5 дена пред почетокот на настанот за што ќе добијат инструкции на поднесената емаил адреса. Сите добиени Постер презентации ќе ротираат на LCD екран каде што ќе можат да се видат, а доколку сака авторот, ќе биде овозможено и картко презентирање на Постерот во претходно одреден термин кој што ќе биде објавен во програмата.

Апстрактите и постер презентациите, задолжително мора да бидат напишани на Македонски и на Англиски јазик.

НАПОМЕНА *:
Прифатените предавања и постер презентации, овозможуваат КМЕ бодови, НО САМО ЗА НОСИТЕЛОТ НА ТРУДОТ.

  • За сите одобрени АПСТРАКТИ и ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ, одлука ќе донесе Научниот одбор
  • КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПСТРАКТИ и ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ Е ДО 31.03.2023 ГОД.
  • КРАЕН РОК ЗА ПОТВРДА НА ПРИФАТЕНИ АПСТРАКТИ и ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ: 07.04.2023 ГОД.
  • Во книгата на трудови, ќе бидат печатени само оние трудови за кои има платена котизација, според еден од условите опишани подоле во Првото соопштение.

НАПОМЕНА *:
КОРИСТЕЊЕТО НА СОПСТВЕНИ ЛАПТОПИ ЗА ПРЕЗЕНТАЦИИТЕ, НЕМА ДА БИДЕ ДОЗВОЛЕНО.
Заради непрекинато одвивање на сесиите, како и проверка од вируси, нефункционалност на презентациите и останати проблеми, СИТЕ презентации ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА БИДАТ ДОСТАВЕНИ ДО ОРГАНИЗАТОРОТ МИНИМУМ 24 часа пред денот на предавањето.

Поденсувањето на апстракти е затворено.